Некои од горивата од полноќ ќе бидат поевтини половина денар

Bez autora
Oct 30 2023

Од полноќ поевтинуваат „евросупер-98“ и „евродизелот“ за половина денар.

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,98 проценти во однос на одлуката од 27 октомври.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 1,504 %, кај дизелот 1,498 %, кај екстра-лесното масло 3,794 % и кај мазутот намалувањето е 2,993 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 0,034 %.

Од 31.10.2023 година. од 00.01 часот. максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

моторен бензин „евросупер БС-95“ – 81,50 (денар/литар)

моторен бензин „евросупер БС-98′ – 83,50 (денари/литар)

дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 81,50 (денар/литар)

масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 81,00 (денар/литар)

„мазут М-1 НС“ – 46,291 (денари/килограм)

Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ не се менува.

Малопродажните цени на бензинот „евросупер БС-98“ и на „евродизелот (Д-Е V)“ се намалуваат 0,50 денари/л.

Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува 1,50 денар/л, а малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 0,883 денари/кг.

Од Регулаторната напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 31.10.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik